Над десетина опремени возила и над 50 пожарникари од Словенија пристигнаа во Берово

Над десетина опремени возила и над 50 пожарникари од Словенија пристигнаа во Берово со цел да помогнат во гасењето на пожарот на планината Готен. Конвојот пристигна на стадионот во Берово, а се одржа и кризен штаб во општината за понатамошни насоки на делување. Пожарот на планината Готен гори веќе две недели. Откако претходно акцентот беше од радовишка страна, сега се префрли од беровска за да може да се изгаси огнот.