Мотоциклист паднал на регионалниот пат кон Свети Николе, сопатникот се бори со тешки повреди

На 03.08.2026 околу 00:10 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат од Овче Поле кон Свети Николе Ј.К.(35) од Свети Николе додека управувал мотоцикл „сузуки“, а како сопатник се превезувал Х.К.(36) од Свети Николе истиот паднал на коловозот, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот и се упатил кон ЈЗУ Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот констатирани во Клиничката болница Штип, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.