
Колку е тешко, но и скапо да се биде ултрамаратонец во Македонија, одговори на овие прашања баравме од искусниот ултрамаратонец од Штип, Тони Манев, кој пред една недела направи огромен спортски подвиг совлакувајќи патека од 400 километри низ швајцарските Алпи.
„Дека бара физичка подготвеност, дека е тешко да се биде ултрамаратонец само тоа се потребни големи физички напори, потребно е ментално да си присебен и нормално да имаш желба и да си истраен во сето тоа, бидејќи не е лесно да си го ставите животот шест седум дена во планина на некој начин на ризик. Сето тоа ако гледаме на финансиски план исто така е многу тешко, бара скара опрема, за жал еве кај нас немаме некоја голема помош од државата, и сето тоа сами го финансираме, во овој случај една групација „Мигранти“ која со дел успеа да ме помогне на последниот ултрамаратон, но во суштина се снаоѓаме сами со скапата опрема, со котизацијата, со патни трошоци, сместување, храна, сетоа тоа кошта многу“, вели Манев.
Секој ултрамаратонец има пропишано задолжителна опрема која мора да ја носи со себе на трката, доколку не ја поседува, може да биде исклучен од трката.
„Од опрема имаме задолжителна опрема која бара организаторот и што го проверува, доколку не поседувате опрема и можете да биде исклучени од трката. Покрај патики, шорц, маица, задолжително мора да имате челна лампа и резервна, батерии, капа, ракавици, водоотпорна јакна и панталони, резервни чорапи, прибор за прва помош, сето оваа како опрема го носите во ранецот со вас и го носите сите тие денови поминати на трката“, дополнува Манев.
Интересот кај децата и младите е во постојан раст, Манев за М Нет телевизија открива дека ќе започна со работа со деца од месец септември односно октомври со група на деца која ќе има интерес за планинско трчање, а потоа и да продолжат по патот на Манев за да бидат ултрамаратонци.
„Има многу позитивни реакции од младите деца, на коишто ова им е интересно, има интерес меѓутоа се уште немам дадено абер дека ќе работиме со млади деца, ова го планираме од септември – октомври да започна со една школа со дечиња, кои ќе имаат интерес да се занимаваат со планинско трчање, бидејќи за децата се уште е рано за ултрамаратони да зборуваме. Доколку има интерес ќе продолжиме да работиме, бидејќи ова е еден сепак интересен и здрав спорт“, изјави Манев.
Овој спорт како што вели Манев бара голема физичка подготвеност, но и ментална, голема издржливост и добри подготовки, спорт кој знае да биде скап и спорт кој сам по себе се смета за тежок спорт полн со предизивци.
Александар Ванев, М-Нет