Модриот домат и везениот пипер најбарани на првиот петок од септември на пазарот во Штип, граѓаните ги наполнија торбите

Везениот пипер и модриот домат се трошат како алва на првиот петок од септември на пазарот во Штип. Купувачите уште пред пладне ги наполнија торбите со свежи и домашни производи. Цени и овој петок беа идентични како и претохниот, со благ пад на доматот и краставиците. Граѓаните велат скапо, евтино, мора да се јаде, но катеогрични оти маката на земјоделците е голема.

Производителите од струмичко и овој петок велат дека цените се реални и достапни за сечиј џеб. Велат дека на целот трошок што го имаат, цените се дури премнгу евтини. Во моментот додаваат оти нивниот труд е неисплатлив.

Инаку, овој петок дополнително се продаваше трпезно грозје, праз, домашна диња и лубеница, класје, како и многу разновидни чаеви, зачини, мед и јајца од руралните средници.

Иван Митев, М-Нет