
Бесплатно основно и средно образование, и речиси бесплатно студирање за студентите е она што го нуди нашата држава на учениците и студентите, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа додаде дека студентите имаат можност со мала партиципацијата да се запишат на еден од шесте државни универзитети. За министерката Јаневска, приоритети засега се едносменска настава за помалите ученици и промена на одредени планови и програми за студентите.
,, Таму каде што имаме можности, таму каде што има одлуки студентите имаат бесплатен превоз, меѓуградски во моментов не сме предвиделе. Јас би сакала само да нагласам дека основното и средното образование се бесплатни, студирањето е речиси бесплатно, затоа што имаме минимана партиципација во земјава и за студиите. Студентите имаат можност да се запишат на шест државни универзитети и така како што сум информирана ги избираат оние коишто најмногу им одговараат. Она што е исклучително значајно, е ние треба да го поправиме квалитетот на образованието, значи приоритети мора да имаме и тие приоритети се едносменска настава за помалите, проена за наставни планови и програми и носење на нов закон во високото образование, а потоа како ќе ги симнуваме приоритетите од првото место кон последното ќе се погрижиме и за другите нешта”, презентира Јаневска
Министерката Јаневска посочи дека таму каде што има можности за студентите има и бесплатен превоз.
Ева Тушевска, М-Нет