
Модар патлиџан произведен под фолија за разни специјалитети достапен за граѓаните на тезгата на Ѓорги Витанов од струмиччко. Го засадил во декември минатата година за денеска овој период од годината да може да бере и да продава. Вели работа бара многу, за да може да се живее средно. Работат заеднички со неговата сопруга, произведуваат и продаваат.
„Овој модар патлиџан е оранжериски, не е за ајвар, за есента. Веќе го има пет пазари, ама рано е саден. Се сее уште од декември, од зимото. Расте под топлина, заштитен е под најлон и добро се троши.“ – вели Витанов.
Освен модар патлиџан под фолија произведува и на отворено. Но, како што посочува тој сега е во фаза на цвет, а ќе се продава кон средината на месец август во период на ајвари и пинџури.
„Оној кој не е под фолија, сега е во фаза на цвет, за есента за ајвар и од него имаме два декари. Тој ќе биде на пазарот достапен крајот на август и ќе го има до зимото.“ – вели Витанов.
Витанов вели дека станува збор за две сорти на модар патлиџан, но и двете се доста барани од страна на граѓаните. Разни специјалитети се прават сега, а есената се прави ајвар и тогаш модриот патлиџан е многу побаран и попродаван.
„Добри се и двата, станува збор за различни сорти на модри патлиџани, едните под фолија, другите на отворено.“ – додава Витанов.
Модриот патлиџан е едногодишно растение, кое расте 40 до 150 см во височина, со големи, груби лопасти листови кои се долги 10 до 20 см и широки 5 до 10 см.Има големи продобивки од неговата консумација.
Лаура Стојанова, М-Нет