Младите штипјани со прво место на Охрид Трчат во тимско на 5 километри

Оваа година се одржа осмото издание на Охрид Трчат, настани кој се одржува низ улиците на Охрид. Учесниците имаа можност да трчат по една од најубавите патеки во светот. Охрид викендот беше во едно поинакво издание исполнет со позитивна енергија, исполент со над 2200 тркачи од 31 држава од светот.

Штипскиот тим кој учествуваше на Охрид Трчат го освои првото место на тимско на 5 километри, а овој тим е составен од Даниел Самаров, Кире Петров, Виктор Ефремов и Мартин Самаров. Од овој тим Самаров во индивидуална конкуренција го освои 5. место на пет километри.

Самаров за телевизија М Нет вели дека стазата била многу тешка, но додава дека трката ја поминале доволно добро.

Самаров вели дека за трката се подготвувале подолг период, вели дека трката била доста тешка бидејќи имало голема угорница.

Одличен резултат за младите штипјани кои на овогодишното издание на Охрид Трчат завршија на првото место тимско на 5 километри.

Александар Ванев, М-Нет