Узурпиран државен простор на улица „Пиринска“ во Штип, граѓаните реагираат, инспекторите на терен

Узурпиран простор и проблем со дивоградби – жителите од улица „Пиринска“ реагираат на објекти кои се поставуваат на место кое е државно, го узурпираат паркинг просторот и преставуваат проблем за нив. Околу стотина граѓани се жалат бидејќи како што велат со легализација на овие објекти се намалува просторот кој е за жителите, не можат да се движат и да се паркираат. Реагирале и до надлежните институции и бараат да се преземат соодветни мерки и ова да биде стопирано.

„Имаме проблеми со дивите градби, сега го узурпират и просторот кадешто луѓето се паркираат. Реагираат најмалку 100 луѓе. Овие се од времен карактер објекти не може легализација на тоа.“ – вели Наумов.

Градењето започнало во петокот велат жителите, и се градело во текот на викендот кога надлежните институции не можеле да излезат на терен и да реагираат. Дополнително, узурпирана е и трофостаницата, па бараат под итно решавање на проблемот.

„Тоа е државно земјиште и не би требало да се узурпира без дозвола на соодветните институции. Од петокот почнаа да градат, ама оти ние рагиравме престанаа. Трофостаницата ја узурпират, така да институциите да си преземат мерки“ – додаваат граѓаните.

За проблемот запознаени се и од Општината. Велат дека од утринава инспектори се на терен и реагираат за решавање на истиот. За тоа сведочат и снимките од лице место, кои потврдуваат дека просторот ќе остане слободен за овдешните жители.

Лаура Стојанова М-Нет