
Во период од 28. септември до 1. октомври годинава на тениските терени на тенискиот клуб Борец од Велес, се одржа отворено првенство на Македонија во тенис за јуниорки до 12 години, а на кое триумфираше штипјанката Мила Ушинова, член на ТК Астибо од Штип.
Младата тенисерка од Штип по четиридневни борби по пет исцрпувачки натпревари кои траеја по два часа и без загубен сет победи во финалето во меч за паметење и беше подобра од Ведрана Танеска втора носителка од ТК Охрид со резултат 7/5 и 7/6 ( 7/3 тај брејкот).
Ова е прв освоен турнир до 12 години и поттик за понатамошна работа и успеси на младата тенисерка. Овој успех на Ушинова доаѓа и со дополнителни индивидуални тренинзи изминатиот период со нејзиниот татко Марјан и спаринг партнерот, братот Тодор Ушинов, кој настапува во повозрасните категории за јуниори 16 и 18 години.
На турнирот учество земаа и тенисерките Лина Рамбабова и Теона Богоева кои беа запрени во 1/8 финале, како и Стефан Гичев и Давид Стојановски сите од ТК Астибо од Штип.
Александар Ванев, М-Нет