Селекторот Благоја Милевски повика 25 фудбалери за натпреварите со Летонија и Ерменија во Лигата на нации

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија кој се игра во Рига на 10. октомври и против Ерменија во Ереван меч кој се игра на 13. октомври од Лига на Нации.

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата натпревари се наоѓаат 25 фудбалери, а од сите само голманот на Работнички, Игор Алексовски доаѓа од Првата македонска фудбалска лига како трет голман на репрезентацијата, сите останати доаѓаат од странство.

Голмани се Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски, во одбраната се Висар Муслиу, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димовски, Ахмед Иљазовски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков и Андреј Стојчевски.

Во средниот ред се Енис Барди, Јани Атанасов, Тихoмир Костадинов, Елиф Елмас, Исник Алими, Давид Бабунски и Димитар Митровски.

Во нападот се Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили и Марио Илиевски.

На стартот од новото издание на Лига на Нации македонската репрезентација ремизираше на првиот меч со Фарски Острови играјќи 1:1 во гости, а дома триумфираше со 2:0 против Ерменија. Собриот на македонската репрезентација е закажан за 7. октомври во Скопје.

Александар Ванев, М-Нет