Мицкоски: Парите за новата болница во Штип некој ги украл или залудно ги потрошил, но изградбата ќе почне

Нема пари за изградба на штипската клиничка болница, некој ги украл или ги потрошил на нешто што нбе треба истакна денска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Штип. Но, вели дека се работи на модел со помош на кој од почетокот на наредната година треба дазапочне изградбата на штипската болница.

„Јас мандатот го почнав пред неполни три месеца токму од пред штипската клиничка болница и тогаш реков дека таа ќе биде завршена во овој мандат. Работиме на модел медицинско, техничко, економски модел кој е во фаза на развој. Очекувам дека до крајот на оваа година се тоа ќе биде завршено и од почетокот на следната година ќе почнеме со градење на болницата. Што е проблемот? Проблемот е што пари нема, парите ги украле или ги потрошиле за нешто што не треба“ – вели Мицкоски.

Мицкоски е дециден дека проектот за изградба на нова клиничка болница ќе биде реалзииран па макар ако треба и да се менууваат Закони. Додава дека нивниот пристап на работа е да се завршат започнатите проекти кои сега се споменици на едно време.

„Што е нашиот пристап? Нашиот пристап е да обезбедиме и финансирање и допроектирање и опремување и изградба и пренос на објектот. Тоа во моментот Законот за јавни набавки не го дозволува. Ако е потребно ќе влеземе и во чекор напред, ако треба мали измени воо Законот само да можеме да ги одглавиме многу проекти кои се почнати, парите се украдени и тие се сега споменици на едно време“ – додава Мицкоски.

Дека од наредната година треба да започне изградбаата на новата клиничка болница вчера потврди и министерот за здравство Таравари.

Лаура Стојанова, М-Нет