
Започнаа основните подготовки за традационалниот специјалитет џиновска пастрмајлија за овогодинешното издание на манифестацијата Штипска пастрмалијада . За нејзе е потребно 15, до 16 килограми свежо свинско месо, четири литра масло, како и 30 килограми тесто, истакна пекарот Николче Малинов за М-нет телевизија и додава дека за истата да биде вкусна е потребно марифет и зачин, со кој вкусот е неодолив.
„Веќе почнавме со основните подготвки за џиновска пастрмајлија за 2024 година. Тестото е спремно, месото исто така. Стандардно ќе имаме 15 до 16 килограми свежо свинско месо, околу 30 килограми тесто и три до четири литра масло“ – вели Малинов.
Инаку, штипската пастрмалијада веќе подолго време го промовира и слави познатиот локален специјалитет, кој на овие простори од домаќините се приготвува повеќе од три века, а вечерва започнува дегустирањето на истата.
Лаура Стојанова, М-Нет