
Нема повеќе да се толерираат манипулации, премиерот Мицкоски најави жестоки казни за супер маркетите што ги изигруваат законите. Со цел да се стави крај на оваа појава, премиерот најави дека ќе се превземат радикални мерки. Ќе се излезе на терен и жестоко ќе се казнува.
,, Секако со ваквиот начин на однесување како што е пред почетокто на учебната година ограничќување на маржите, за уќилиштен прибор, опрема кои се потребни за учениците, но и да биде подносливо, ние тоа го правиме. Веурвајте дека ограничување на маржи се прелева во месеците кои следат. Ако воспоставиме континуитет цела година нема пазарна економија. Тоа не значи дека толерираме дивеење, од страна на одредени ланци на супер маркети, кои што преку скриен маркетинг се обиуваат да ги изиграат законите.“, рече Мицкоски
За овој случај особено се занимава комисијата за заштитата на конкурентноста, дода Мицкоски. Потенцираше дека истата во моментот има и зајакнат кадар.
и за ова многу сериозно се занимава комисијата за заштита на конкурентноста, многу скоро излегуваме на терен, веќе ја зајакнавме кадровски , се примија нови луѓе, ќе се излезе на терен и ќе има жестоки казни.“, додаде Мицкоски
Инаку, како што потенцираше Мицкоски целта на ваквите мерки е со цел да се заштитат граѓаните, но и да се стави крај на дивеењата во маркетите .
Иван Митев, М-Нет