Вкупно 29 нови оклопни возила дополнително доби Армијата на Македонија

Вкупно 29 нови оклопни возила дополнително доби Армијата на Македонија

Денеска, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, генералниот началник на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, беа промовирани новите возила во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Со ова, вкупниот број на џе ел ти ви возила во вооружените сили на Македонија се зголеми на 67.

Безбедноста е приоритет во државата, рече премиерот Мицкоски, како што потенцираше тоа се основните услови за да може да се развива општество кое што ќе нуди иднина на граѓаните.

Aмбасадорката на САД Анџела Агелер, дирекно од настанот се обрати пред медиумите, велејки дека и е особено задоволство што се продолжува парнерството со Македонија.

,,Навистина ми претставува задоволство што го одбележувај овој значаен настан и нашето трајно партнерство помеѓу САД и Македонија. Се сеќавам на првата посета во оваа касарна минатата година, кога вашата земја прими испорака на напредните лесни оклопни возила. Mинатиот пат, јас и вие имавме можност да се возиме во едно од овие возила и беа изненадувачки удобни. Oвие лесни оклопни возила ќе бидат рбетот на Македонија.“, рече Агелер

Промоцијата на овие високо заштитени возила претставува значаен чекор во модернизацијата на армијата, која ќе добие поголема мобилност и заштита на терен. Овие возила се клучни за зголемување на оперативните способности и подготвеноста на Лесната пешадиска баталјонска група.

Иван Митев, М-Нет