,,Мечките ќе се кријат на полињата во иднина“, производителите на пазарот во Штип втор петок разочарани

„Уште малку дивечот ќе се крие по полињата“, вака денешните продавачите на пазарот во Штип одговорија на прашањето за надежта на земјоделието. И овој пазарен ден, тие разочарани, поради празниот пазар, кој втор петок по ред има слаба раздвиженост. Велат цените се пристапни за сечии џеб, но сепак не знаат и тие зошто е ваква ситуацијата.

Оние кој што излегуваа од пазарот, речиси торбите им беа празни. Купуваа зелка, компир, малку јаболка и по една низа пипер.

Иако денешниот пазар беше речиси празен, сепак имаше од се по нешто. Се продаваа чаеви, убави домашни природни зачини, низа пипер за оние кој не нанижале во есента и зеленчук во избоилие.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет