
И во Општина Кочани, првото бебе кое дојде на свет во 4часот на 02 јануари е машко. Оваа година во споредба со претходната, новороденчето дојде на свет релативно побрзо во споредба со претходната година, што дава надеж за успешна и бериќетна 2021 година.
„Во 4 часот се роди првото новороденче машко, со телесна тежина 3.330кг, должина 51цм, раѓањето протече во најдобар ред, – информираше д-р. Фонзи, началник на Одделот за Гинекологија и Акушерство, Кочани.
Со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид- 19, без директна посета на родилката од Кочани, градоначалникот Илијев, со подароци на новороденото бебе.
„Го добивме првото новородено бебе оваа година, за разлика од минатата година релативно побрзо, што дава надеж дека оваа година ќе биде успешна и бериќетна. Не ја посетивме директно родилката, но преку тимот на Одделот за Акушерство упативме честики и скромни подароци – истакна градоначалникот на Општина Кочани, Илијев.
Инаку, новогодишната ноќ на територијата на Општина Кочани помина мирно, без ниту една пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Градоначалникот на Кочани, Илијев во посета на сите дежурни институции, информираше дека го радува фактот што се почитуваа мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател, и тоа што најлудата ноќ помина мирно и без поголеми нереди и пријави.
Лаура Стојанова М-Нет