
Вчера СОУ Коле Нехтенин испрати уште една успешна генерација на матуранти со прослава на крајот на нивното средно образование. Директорката Шалева им посака многу успех и среќа во животот и се надева дека во иднина по неколку години ќе се вратат во училиштето да си ги споделат успешните приказни. Посочи дека училиштето за нив претсвувало втор дом, со обврска на професорите да ги издигнат на вистинскиот пат.
„Во изминатите четири години Коле Нехтенин беше не само училиште туку и дом големо семејство, фамилија на ова генерација матуранти. Наша обрврска беше да ги пречекме и да им ги отвориме широко нашите порти да го проследиме со нив нашето животно и професионално искуство, а нивно беше да слушаат да се дружат и да учат. Вечерва ни е заедничка да го прославиме крајот на нивното средно образование и да и поскаме се најдобро и да си ветиме еден ден ке се вратат во нашето уучилиште и ќе ја раскажат нивната успешна приказна“ – изјави Шалева
Возбудата кај матурантите растела се до денот на матурската вечер со подготвување на физичкиот изглед, но и расположението за тој ден. Учениците за М-Нет телевизија велат дека таа вечер е една од најдобрата затоа што понуваат уште едно поглавје од животот.
„Јас како прво се надевам дека убаво ќе си минеме. Сега натаму следи работа, ќе бидеме примерни така се надеваме без проблеми.Сами се подготвуваме за нас ни беше потребеен еден ден, а девојчињата се спремаа повеќе“ – додаваат учениците
Секој на своја страна по завршувањето на матура велат учениците, на кој каква му е среќата. Едни ќе заминат на факултет, други ќе работат, а останатите ќе си заминат во странство.
Лаура Стојанова, М-Нет