Малеш го доби дербито со делчевска Брегалница во Берово, Овче Поле убедлив, пораз за Слога Виница, без победник во Македонска Каменица

Трите бодови останаа во Берово, Малеш го доби големото дерби со делчевска Брегалница, откако славеше со 2:0 во меч од 6. коло на Трета лига регион 3.

Голема радост за домашните навивачи, дербито донесе фантастична атмосфера на трибините на Градскиот стадион во Берово.

Во Македонска Каменица нема победник откако ланскиот второлигаш Каменица Саса и ланскиот шампион во овој третолигашки регион, Победа Валандово одиграа 1:1 и ги поделија бодовите.

Хоризонт Турново со минимални 0:1 славеше над Слога во Виница, со што екс прволигашот ги собра трите бода во дуелот со ланскиот второлигаш.

Овче Поле на домашен терен забележа убедлива победа над Огражден од Ново Село со 3:0, додека пак Дојранско Езеро со 1:2 го доби Ударник во Пирава.

Во рамки на оваа рунда слободна беше екипата на Карбинци, бидејќи Тиверија е исфрлена од натпреварување поради два неоправдано неодиграни натпревари.

На врвот од табелата Победа Валандово и Огражден го делат првото место со по 13 бодови, а пак по осум бодови имаат Овче Поле, Малеш, Хоризонт Турново и Дојранско Езеро за делба на третото место.

На делба на седмото место со по седум бодови се екипите на Каменица Саса и Брегалница од Делчево, Ударник е деветти со четири бодови, Слога Виница со два бодови е на десеттото место, а на дното е Карбинци без бодови.

Александар Ванев, М-Мет