
Викендов во Штип започнува 37. издание на фестивалот на забавна музика Макфест. Со направени соодветни измени, се очекува годината да биде запаметена токму по рефрените од Макфест. Познати музички имиња, но и мади таленти кои ќе се промовираат, го враќаат сјајот на фестивалот, а Штип ќе биде епицентарот на случувањата.
„Овој викенд целата македонска естрада ќе биде во Штип, на единствениот фестивал на забавна мелодија. Ќе настапат доста познати музички имиња, но и нови млади таленти кои ќе се промовираат на македонската музичка сцена“ – кажа Јорданов.
На Макфест оваа година нема да се доделуваат старндарните класични награди, наместо да биде од натпреварувачки карактер целата е да излезат квалитетни и рефрени кои ќе се паметат. Според уметничкиот директор, публиката ќе биде побогата за уште едно фестивалско искуство.
„Сигурен сум дека подготвивме еден нов модерен динамичен фестивал, одлични изведувачи, многу добар избор, имавме малку и среќа и мислам дека публиката ќе биде побогата за едно ново големо фестивалско искуство“
„Првата и основна форма што јас сакав да биде Макфест е да не биде со натпреварувачки карактер, да нема прва, втора и трета награда, да нема парични награди и да нема класични награди од публика. Зошто? Музиката е ствар на вкус, сите ние слушаме различна музика и сите ние сме различни пеачи. Не можеме да ги ставиме во иста квалификација Два Бона со Ален Исламовиќ, сите се добри на свој начин тоа не е трка, фестивалот е промоција на добра музика“ – кажа Јованов.
Оваа година Макфест е финансиран од страна на Општина Штип со пет милиони денари и од спонзори, поддржувачи и пријатели со еден милион денари. Средствата кои беа понудени од страна на Минстерството за кутура во износ од 400 илјади денари беа одбиени, бидејќи овој фестивал заслужува повеќе, истакна Јорданов. Општината нема да претпри загуби со издвојување на овие финансии.
„Неколкупати досега сме споменале дека со домаќинско работење средства има за сѐ, и за капитални инвестиции, но и за еден сегмент во културата, во спортот. Средствата кои се определени за Макфест се доволни за да се организира овој фестивал на едно ниво на кое поскауваме.
Макфест оваа година ќе се одржи на 21 и 22 октомври, петок и сабота во Дом на култура Ацо Шопов Штип. Пакет карта за двата вечери е со цена од 800 денари.
Лаура Стојанова М-Нет