Македонските прволигаши ќе може да регистрираат до двајца играчи од државите на „Отворен Балкан“, а кои нема да се сметаат за странци!

Во иднина клубовите од Првата македонска фудбалска лига ќе може да регистираат играчи од државите на „Отворен Балкан“ односно македонските прволигаши ќе имаат право да регистрираат до двајца играчи од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, а кои нема да се сметаат за странци при регистрација.

Ова прашање беше дискутирано изминатите години односно сезони, а управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одлучи македонските прволигаши да регистрираат до двајца играчи од државите на „Отворен Балкан“ односно „Open Balkan“, а притоа да не се сметаат за странци.

Во новата сезона 2025/2026 во Првата македонска фудбалска лига ќе се натпреваруваат Шкендија, Силекс, Работнички, Струга Трим Лум, Вардар, Пелистер, Шкупи, Тиквеш, Брера Струмица, Македонија ЃП, Арсими и Башкими.

Новата сезона од Првата лига се очекува да започне во вториот викенд од месец август, а екипите кои ќе играат во Европа веќе ги започнуваат подготовките за новата сезона, а во која како новитет ќе биде воведувањето на ВАР технологијата во македонскиот фудбал.

Александар Ванев, М-Нет