
Фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе се сретне со селекцијата на Романија во рамките на квалификацискиот циклус за СП во Катар 2022 година. За краток период напшите фудбалери прокоцкаа дури 6 бодови во пресметките со Ерменија во Скопје и со Исланд во Рејкјавик. Со тоа се докажува непишаното правило дека нема однапред „капарисани„ бодови, туку тие треба да се освојат на тревнатиот терен. Со освоените два бода Македонија сеуште има шанси за тоа второ место во квалификациската група а за тоа секако е битна победа и освојување на три бода против Романија. Нашите фудбалери за око играат добро, но се чини премногу форсираат себична отколку колективна игра. Можеби за овој меч ќе има и некои нови промени пред се фигурира името на Бобан Николов кој не беше во составот во изминатите два натпревари. Засега прва во групата е Германија со 12 бодови, втора е Ерменија со 10, трета е Романија со 9 а Македонија е на четвртото место со 8 бодови. Со евентуална победа на Македонија таа би скокнала на табелата дури на второто место. Натпреварот Македонија – Романија ќе се одигра вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20.45 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk