
Остварена средба на претседателот на здружението на слепи лица, Драги Витанов и градоначлникот на Општина Штип, доктор Сашко Николов. На средбата од страна на здружението се побарани решенија на неколку проблеми со кои се соочуваат тие, а како што истакна Витанов истите биле прифатени од страна на Николов.
„Барањата се да се дислоцират на некој начин автомобилите паркирани на тротоарите, да се инсталира осветлување на улицата кај основното училиште „Димитар Влахов“. Друга работа е поголема активност на градоначалникот околу отварање на обучен центар за обука на асистенти и отварање на дом за прифаќање на слепи самци“ – додаде Витанов.
Како провајдер на обука за лична асистенција се лиценцираше и ОО на Црвен крст Штип. Милановска истакна дека ова е одлична можност за и тие да можат да им излезат во пресрет на барањата на слепите лица, но и на останатите лица со попреченост. Едукаторските тимови веќе се формирани, останува да се распише само конкурс и да се следи заинтересираноста на граѓаните.
На конкурсот за кандидати за лични асистенти кој ќе биде објавен може да се пријават лица повозрасни од 18 години, кои се државјани на државата и имаат завршено минимум средно образование. Според Витанов барањата се очекува да почнат да се реализираат по изборите. Николов пак додаде дека овие барања се доста реални и дека ќе им се излезе во пресрет на слепите лица и лицата со попреченост во видот. Соработка на здружението на слепи лица со Локалната самоуправа и Црвениот крст постои уште од претходно.
Лаура Стојанова М-Нет