Линија 7 се проширува, автобуси зимскиот распуст ќе се движат до селата Аргулица и Козјак

Линијата 7, од Трговскиот центар до село Радење и назад ќе се се прошири однонсо истата ќе се одвива и за време на зимскиот распуст, и ќе се движи до селата Аргулица и Козјак. Оваа одлука следи заради огромниот интерес од страна на жителите од карбинските села, бидејќи линијата првично беше предвидено да се реализира само за време на полугодието и тоа од понеделник од петок.

„Линијата е дадена табеларно и разликата е додавање на две станици дополнителни кои се однесуваат на село Аргулица и село Козјак кои не беа опфатени претходно со линијата за Радање бидејќи временските опции кои ги имавме со учениците веа потешко изводливи. Со пуштањето на оваа линија сакаме да го видиме интересот на граѓаните на жителите на овие две села и да можеме да предвидуваме дали линијата е потребна постојано“ – вели Блажева.

Промени има и во неколку други линии, кои се движат на територија на Штип. Има дополнување на линијата до населба Пребег, нови термини за Три Чешми и укинување на ноќните линии за кои нема голем интерес.

„Имаме додавање на населва Пребег како стојалиште, вклучена е како две линии, линија за Три Чешми и линија за Дузлак. Имаме дополнување на временски термини од линијата за Три Чешми бидејќи имаме многу голем одзив од страна на граѓаните. Имаме укинување на ноќните линии кои се покажаа дека нема интерес од помладата популација за овие линии.“ – додава Блажева.

Во однос на меѓуопштинскиот превоз со Општина Карбинци истакнаа дека за сега не се планира вклучување на линија до селото Долни Балван оти овде има автобусии на секои половина до еден час.

Лаура Стојанова М-Нет