Јорданов на средба со преставници на институциите кои ќе дежураат за Нова Година

Преставници на институциите кои ќе работат за време на новогодишната ноќ денеска традиционално остварија средба со градоначалникот Иван Јорданов. Со надеж за мирна новогодишна ноќ, Јорданов и оваа година им подели симболични ваучери оти како што посочи додека сите се забавуваат тие ќе работат.

„Во последниот работен ден од оваа година остваривме средба со преставници од институвиите кои ќе работат за новогодишната вечер. Поскавме мирна вечер и симбиолично доделивме и ваучери“ – вели Јорданов.

Да не се претерува со јадење и пиење, да се внимава на грејните тела, да не се нарушува јавниот ред и мир се дел од препораките кои се упатија до граѓаните со цел итните служби да имаат помалку интервенции.

„ТППЕ Штип има еден апел до граѓаните, за новогодишната ноќ да внимаваат на своите грејни тела, на пиртехничките средства и на новогодишните сијалички“ – вели Коцев.

Подготвени за новогодишната ноќ се и екипите на ЈП Стипион. Директорот Панче Стефановски истакна дека очекуваат поволни временски услови и ноќ без проблеми.

„Очекуваме мирна ноќ и поволни временски услови. Ние сме подготвени да излеземе на терен и да одговореме на потребите на граѓаните“ – вели Стефановски.

Оваа средба традиционално се остварува секоја година, со цел да се покаже цажноста на итните служби кои дежураат за време на празниците.

Лаура Стојанова М-Нет