Лидерот Мал Ајакс во Штип триумфираше над Кораби, Кратово впиша нов пораз, голема победа за Балкан!

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Овој викенд се одиграа натпреварите од 12. коло на Втората футсал лига кое ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот во Демир Хисар меѓу битолски Конзули и ланскиот прволигаш Карадаку.

Лидерот на табелата, екипата на Мал Ајакс на домашен терен во Штип со 7:4 славеше важна и голема победа над Кораби од Дебар, каде Седат Мамудов постигна четири погодоци за штипскиот тим, двоен стрелец беше Иса Дурмишов, а еден гол постигна Теодор Наков, а пак кај гостинот од Дебар двојни стрелц ибеа Октај Беќири и Енес Боличе.

Каршиака ремизираше против ланскиот прволигаш Овче Поле на домашен терен во Студеничани, каде двете екипи ги поделија бодовите играјќи 3:3. Голема победа забележа тимот на Балкан кој на гостувањето кај Енхалон забележа триумф од 3:9, стружани беа немоќни на овој меч.

ССК Скопје на домашен терен со 8:5 забележа победа над Кратово, со што гостинот запиша уште еден пораз во низа, а Победа на домашен терен загуби од Партизан Југ откако тимот од Брвеница беше подобар со 4:6.

Во однос на табелата Мал Ајакс е на врвот со 30 бодови, Балкан е втор со 24 бодови, а пак на третото место со 22 бодови е Овче Поле.

Александар Ванев, М-Нет