
Лидерот во Втората женска фудбалска лига, екипата на Кочани забележа триумф на домашен терен со резултат од 2:0 против екипата на Порече од Македонски Брод.
Кочани беше фаворит на овој меч, фаворитската улога беше оправдата за осма сезонска победа.
Вардар ја забележа најубедливата победа во рамки на 9. коло на Втората женска фудаблска лига, откако „вардарки“ со 9:0 го декласриаше тимот на Борец на домашен терен.
Разликата во квалитет е голема и победата за домашниот тим беше сосема очекувана, откако на „Цементарница“ Вардар доминираше во секој сегмент на играта.
Висока победа забележа и екипата на Билјанини Извори откако на теренот со вештачка трева во Охрид со 7:0 ја доби радовишка Плачковица.
Дебитантот Слободен беше блиску до првата историска победа во Втората лига, откако одигра 1:1 против Победа во Валандово. Екипата на Слободен имаше предност од 0:1, а во финишот од мечот домашниот тим дојде до конечните 1:1 за поделба на бодовите.
На врвот од табелата и натаму е тимот на Кочани, како единствен непроазен тим со учинок од осум победи и едно реми за 25 бодови на своето конто, на второто место или во бараж зоната за можен влез во Првата лига е Вардар со 22 бодови, а пак Билјанини извори е на третото емсто со 19 освоени бодови.
На четвртото место е Плачковица од Радовиш со 13 бодови, Порече е петти со 10 бодови, Победа Валандово е шеста со шест бодови, Слободен е претпоследен со три бодови, на дното е Борец со само еден освоен бод.
Александар Ванев, М-Нет