Шампионот Баскет Кам од Македонска Каменица со убедлива победа над Вардар, кошаркарките на Патриот во Делчево поразени од Бадел!

Шампионот Баскет Кам однесе висока и убедлива победа на гостувањето кај Вардар, во рамки на 11. коло од Првата А кошаркарска лига со резултат од 57:74.

Кошаркарките на екипата од Македонска Каменица одиграа еден одличен натпревар каде што повеќе од заслужено триумфираа на гостувањето во Скопје.

Во Делчево екипата на Патриот доживеа нов пораз откако на домашен терен загуби од екипата на Бадел со резултат од 59:84.

Екипата на Пробаскет на домашен терен триумфираше со тесен резултат од 72:67 против екипата на МЗТ Скопје, додека пак екипата на Крива Паланка беше слободна во оваа коло.

Во однос на табелата лидер е Баскет Кам со 19 бодови, втора е екипата на Крива Паланка со 18 бодови, но со меч помалку во однос на Баскет Кам. На 3. место е Бадел со со 15 бодови, Вардар е место подолу со 13 бодови, Патриот од Делчево е на петтото емсто со 12 бодови, а по 11 бодови имаат МЗТ Скопје и Пробаскет од Кавадарци.

Во следното коло ќе се игра дербито меѓу Баскет Кам и Крива Паланка.

Во однос на Првата Б лига и таму се одигра 11. коло каде Охрид на домашен терен беше декласиран со Струга во езерското дерби со резултат од 29:55, а пак Гостивар со 45:31 го доби Шкупи, а слободни беа екипите на Риниа и Спорт Тим од Неготино.

Во однос на табелата на врвот е Спорт Тим со 15 бодови, Струга е втора со 14 бодови, Охрид е трет со 13 бодови, Шкупи е на 4. место со 12 бодови, Гостивар е петти со 9 бодови, на дното е Риниа со осум бодови.

Александар Ванев, М-Нет