
Лидерот Големо Коњари ја продолжува победничката серија откако денес со убедливи 6:2 го тресна новајлијата Ултрас на домашен терен.
Митрески и искусниот Селманоски беа двојни стрелци за лидерот, а по еден гол постигнаа Ибраимоски и Божиноски, за гостите Секулоски и Мечев беа стрелци на двата гола во високиот пораз за нивната екипа.
Марена и Росоман ги поделија бодовите, откако ремизираа играјќи без голови (0:0).
Питу Гули на домашен терен во Крушево стигна до трета сезонска победа откако дома со 3:0 го доби „фенерџијата“ Бучин. Сите три погодоци беа дело на Стрезовски, кој го втурна Бучин во уште поголема резултатска криза како единствен тим во Трета лига – Југ кој сè уште нема освоени бодови.
Превалец на домашен терен со 3:1 славеше над некогашниот второлигаш Локомотива од Градско и продолжува да прави притисок за првото место бидејќи има само бод негатива од лидерот Големо Коњари.
Гаштев и Ѓорѓиевски по 13 минути игра обезбедија предност од 2:0, резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел Стефановски намали на 2:1 во 60. минута, а пет минути подоцна Дукадиновски беше стрелец за конечни 3:1.
Во Кривогаштани паднаа седум гола за триумф од 3:4 на Борец над Младост. Велешката гордост по поразот во претходното коло од лидерот Големо Коњари се рехабилитираше со триумф над Младост на гостински терен.
Манасиев, Стефановски и Чичевски по 16 минути игри обезбедија предност од 0:3, а потоа Младост преку Крстевски и Чешелковски намалија на 2:3. Во 44. минута Пановски погоди за 2:4 на полувреме.
Во вториот дел мрежите мируваа до судиското надополнување кога Китаноски постигна гол за конечни 3:4.