
Пред второлигашите е нова репрезентативна пауза, а до крајот на есенскиот дел остануваат уште три кола.
Вчера беа одиграни натпреварите од 12. коло, во рамки на истото на М Нет телевизија можевте да го следите Источно дерби од Радовиш каде Детонит Плачковица со 2:1 беше подобра од Беласица, на М Нет Спорт го следевте мечот од Кочани каде Осогово преку пресврт запиша голем триумф од 4:1 над Победа.
Лидерот Македонија ЃП со 0:2 славеше над Борец во Велес, Брегалница преку пресврт го доби Арсими во Штип со 2:1, Скопје преку пресврт го доби Башкими со резулат од 2:1 во Автокоманда, Кожуф и Охрид во Гевгелија одиграа реми без голови (0:0), Вардар Неготино дома претрпе пораз од Саса од минимални 0:1, а пак Вардарски запиша нов пораз од Новаци со резултат од 0:2.
Во однос на табелата лидер останува Македонија ЃП со 29 бодови на своето конто, Брегалница сега е втора со 27 бодови, на третото место или во бараж зоната е Башкими со 26 бодови. Арсими останува на 4. место со 23 бодови, Охрид е петти со 21 бод. На делба на шесттото место се Кожуф, Детонит Плачковица и Каменица Саса со по 18 бодови. На деветтото место е Беласица со 16 бодови, Новаци се проби на 10. место со 14 бодови, Скопје сега прави прогрес до 11-тото место со 13 бодови колку што има и Победа која е на 12-тото место. Вардар Неготино се спушта на 13-тото место со 11 бодови.
Во бараж зоната останува Осогово со осум бодови, Борец и натаму е во опасната зона за директно испаѓање со пет бодови, а пак Вардарски е на дното од табелата без триумф со само два бодови.
Александар Ванев, М-Нет