
Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија во присуство на претставници на клубовите учесници, беше одржана ждрепката за осминафиналната фаза од Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2026/27.
1/8 финалните натпревари се закажани од 27 до 29 октомври 2026, а извлекувањето донесе неколку интересни пресметки во битката за пласман меѓу најдобрите осум екипи во најмасовното фудбалско натпреварување во земјава.
Во 1/8 финале од Куп на Македонија, Скопје оди против Новаци, Струга ТЛ со Беласица, Брера го доби Арсими, дерби на Вардар и Тиквеш, Пелистер ќе игра со бранителот на Куп титулата Силекс, Работнички против Каменица Саса, Македонија ЃП ја доби Брегалница, а пак Башкими ќе игра со Шкендија Арачиново.
Точните термини и стадионите на кои ќе се одиграат натпреварите ќе бидат дополнително потврдени.
Александар Ванев, М-Нет