Културните настани се заменуваат со телефони, се намалува присуството на концертите и изложбите

Културните настани се заменуваат со телефони, се намалува присуството на концертите и изложбите. Иако во европските земји младите редовно присуствуваат на културни настани и се активни во културниот живот, во Македонија овој тренд не е толку присутен. Телефоните се претвориле не само во канал за комуникација, туку и платформи преку кои младите ја консумираат музиката, филмовите, па дури и уметноста.

Повозрасните остануваат децидни дека причината за ваквата ситуација пред се е домашното воспитување. Велат децата во останатите држави растат со вакви настани.

Инаку, граѓаните дополнително истакнуваат дека за да има подобрување и салите да бидат полни со публика, потребно е младите да ги истакнат своите желби, а според тоа да се прави годишната програма.

Иван Митев, М-Нет