
Културата од Германија, никако да стигне до Штип. Иако надлежните секојдневно ја вршат својата должност, сепак до следниот ден повторно ќе се сретне смет на улиците. Граѓаните велат дека целото нешто произлегува од домашната култура, потоа од цивилизацијата и од едукацијата. Согласни се тие дека во Германија културата се почитува, бидејќи има цивилазција, додека овде желбата за истата е речиси слаба.
Делумно од анкетираните истакнаа дека во останитете држави не е вака, има ред и дисциплина, но друг дел пак децидни дека кога пак тие се враќаат го прават истото, како и останати лица овде.
Она што понатаму останува е тоа колкава е свесноста за да се чува природата чиста и здрава. Со оглед фактот дека во останатите земји културата е на прво ниво, овде според граѓаните е потребно најпрво домашно воспитување, како и повеќе едукација.
Иван Митев, М-Нет