
Победа со триумф ги заокружи подготовките за неизвесната пролетна полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
Со изменет тим Победа ќе атакува на директен и сигурен опстанок во фудбалската елита на Македонија. Двоен стрелец на „генералката“ за прилепчани беше новото засилување Андреј Кудијан, а пак Марко Ѓеоргиевски беше стрелец на голот за Борец.
Пред велешани е повеќе од тешка полусезона во Втората македонска фудбалска лига, бидејќи Борец е на дното од табелата без ниту еден освоен бод, со изменет тим, нова управа и нов тренер, Борец ќе се обиде да избори опстанок или да стигне до бараж за опстанок.
Победа пролетниот дел од Прва лига го отвара против Работнички на домашен терен, а пак Борец во Втора лига отвара против Слога во Виница.