
Кромидот поскап за 10 денари, доматите и краставиците со максимум 95 денари за килограм, леќата 110 денари, Владата донесе одлука да се кориегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Министерот за економија Бектеши вели дека ова се должи на повисоките увозни цени на призводите кои се зголемени за 30%.
„Има зголемување на цените, која е заради тоа што во последната недела се приметува зголемување на увозните цени во нашата царина и тоа зголемување од над 30% на одредени производи, посебно на доматите, на краставиците, кромидот и гравот. Треба да се има предвид дека овие фактури се пологични од претходно и не ова не значи дека овде престануваат контролите од институциите“ – вели Бектеши.
Одлуката ќе важи до крајот на месецот, а по обајвување во службен весник ќе стапи на сила. Бектеши со утеха до граѓаните да бидат спокојни кога се во прашање цениите на производите.

„Зголемување има кај доматите ќе бидат до 95 денари највисоката цена, истото важи и за краставиците и за десет денари се зголемува кромидот. Приметуваме во пазарот намалување на цените на овошјето. Ова ќе важи до крајот на месецот, граѓаните да бидат спокојни“ – додаде Бектеши.
Контролите продолжуваат, а министерот уверува дека на зелените пазари и во маркетите тезгите нема да останат празни, однонсо мора да има и домати и краставици и кромид како и претходно.
Лаура Стојанова М-Нет