Кризниот штаб во Кочани бара од инфицираните да го објават својот идентитет

Пациентот има право на доверливост на личните и медицинските податоци, кои мора да се чуваат во тајност. Ова е законска одредба, затоа институциите не ги објавуваат имињата на лицата коишто се заразени од КОВИД-19.
На седницата на Општинскиот кризен штаб што се одржа денеска, медицинските лица предложија лицата што се заразени, самите јавно да го соопштат тоа, за да знае секој што доаѓал во контакт со нив како да се однесува понатаму. Во тоа нема ништо срамно, напротив е многу солидарно!
Така ќе се избегнат жигосувањата и шпекулациите. Така, со точни информации за она што ни се случува и со навремени и правилни мерки, заразата полесно ќе биде совладана!