
Криза во државата постојано има, не можеме да кажеме дека сме излегле од економската криза – велат економистите неполна недела по завршувањето на двојните избори. Глигор Ивановски вели дека криза се појавува при секои избори, но тоа е заради фактот дека одредени економски поцеси се забавуваат. Сите политички субјекти се зафатени околу изборите и токму затоа се појавува криза и забавување на еконосмките процеси.
„Кризата ја гледам при тоа што при секои избори и во текот на изборната кампања во текот на изборите и по завршувањето на изборите се случува одредени економски процеси да се забават, не се одвиваат како во периодот пред изборите. Ова е нормално бидејќи сите политички субјекти се ангажирани повеќе околу тоа кој, како и со кого ќе коалицира.“ – вели Ивановски.
Делумно надминување на економската криза може да се очекува дури на есен кога ќе дојде до позабрзано еконосмко движење, увоз, извоз и слично. Летниот период промени на ова поле не се очекуваат оти постои голема поврзност меѓу политиката и економијата.
„Постои поврзаност меѓу политиката и економијата бидејќи политиката ја креира атмосферата, амбиентот во кој во кој ќе се одвива ова економско работење на компаниите. Нема да биде класична криза туку ќе дојде до забавување на економските процеси и тоа ќе се прелее еве уште малку и на летните периоди, така да дури од есен може да се очекува нешто позабрзано економско движење како зголемување на прометот на увозот, извозот и слично.“ – додава Ивановски.
Цикличните движење во државата постојано се движат и се менуваат со што кризата постои. Намалувањето на цените на производите зависи од самата побарувачка, и од тоа зависи кризата и инфлацијата.
Лаура Стојанова, М-Нет