
Вонреден инспекциски надзор извршен во КПД Затвор Штип, од страна на Управата за извршување санкции по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога. Како што појасни директорот на управата за извршување санкции на денешната прес конференција, пред Затвор Штип на 20 февруари во 21:40 часот доаѓа возило, кое ја поминувата првата и доаѓа на втората капија, каде затворскиот полицаец во дежурана не го запишува, иако е должен тоа да го направи. Од возилото излегува лице кое што доаѓа до ѕидот на самиот затвори и преку ѕидот префрла топка, додека внатре се појавува затвореник со иницијали Ж.Ж, кој разговара на телефон и уште еден со иницијали Р.К. и бараат нешто во тревникот. Наредниот ден дознава и директорот на затворот и по негова наредба повторно се бара во дворот и се наоѓа топка во кеса, во која се пронајдени 35 грама бела прашкаста материја, веројатно кокаин и 50 грама марихуана.
„Кога го поставува директорот прашањето на затворската полиција и на командирот, што баравте и зошто не реагиравте, објаснувањето е дека и било преточено дека затвореникот Ж.Ж си играл со кучката Цеца, он имал скап часовник за кој им навел дека е барем 1 000 евра, кој мора да потенцирам дека го нема пријавено дека е донесен во Затвор Штип, дека му го има земено кучката Цеца, дека трчала низ тревникот и дека го изгубила. Па, овие, за да му излезат во пресрет го бараат часовникот“ – вели Пандов.
Дрогата, рече Пандов, веднаш е пријавена во СВР Штип, а по наредба на директорот се формира дисциплинска комисија, составена од пет члена, кои ја имаат видео снимката, која одлучува на 28 март годинава дека затворските полицајци не се виновни.
– Една госпоѓа во ресоцијализација и уште еден затворски полицаец гласаат дека се виновни и треба да бидат дисциплински казнети, но за жал, полицајците Б.Д., К.П. и З.А. не пронаоѓаат вина и веруваат во тоа дека затворската полиција го барале часовникот што наводно го губи затвореникот Ж.Ж., а кучката Цеца му го има однесено. Притоа мора да потенцирам дека овие затворски полицајци македонската држава, нас како даночни обврзници, не чинат најмалата плата од сите овие затворски полицјаци кои учествуваат во овој дел е 57 илјади денари, а најголемата е 67 илјади денари, со средно образование. Во затворската полиција има и со високо образование вработени, изјави Пандов.
Корупцијата во затворите е на многу високи ниво, потенцираше Пандов додавајќи дека тие имаат цврста цел да се борат до крај. Во затворот во Штип во 2024 година се пронајдени и одземени 26 мобилни телефони.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет