
Набавка на возило за смет за Општина Чешиново – Облешево и набавка на мултифункционална машина во Штип, како и реконструкција на образовани институции во Кочани и Пехчево се двата проекти со кои Центарот за развој на ИПР конкурираше до Бирото за регионален развој. Директорот на ИПР Трајче Здравков, потенцираше дека овие проекти кои треба да се реализираат оваа година, а од Бирото се предвидени осум ипол милиони евра.
„Првиот проект е набавка на возило за смет за Општина Чешиново Облешево и набавка на мултифункционална машина во Штип, односно метларка со повеќе додатоци. Вториот проект кој го аплициравме е реконструкција на училиште во Општина Кочани и реконструкција на кровна конструкција во градинката во Општина Пехчево.“ вели Здравков.
Тој додаде дека во завршна фаза се проектите од претходната година, кои се финансираат преку Програмата за рамномерен регионален развој. Изградената нова ламела за Домот за стари лица во Берово веќе е завршена и во неа се сместени 24 лица.
„ Потоа реализиран е рекреативниот центар на браната Пишица во Општина Пробиштип, каде што се изградени летниковци, со урбана опрема за посетителите и во завршна фаза е реконструкцијата на општинската зграда во Општина Виница“ – додава Здравков.
Реконструкцијата на зградата на Општина Виница опфаќа нова фасада, прозорци и е поставен лифт.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет