
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.С.(26) и А.М.(23), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 10.11.2020 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над А.М., при што пронашле и одзеле хероин, кој А.М го купил од Т.С.