
Нашите институции немаат слух за пензионерите затоа нашиот револт ќе го искажеме пред странските амбасади, потенцираа на денешниот протест кочаснките пенизонери. Со 200 до 250 евра месечно пензија не се преживува, па велат ќе прашаат како пенизонерите живеат во останатите држави.
„Еве јас пред два часа го земав чекот од банка, 12 600 денари пензија. Од тие пари рата за огревно дрво 4000 денари, 3000 денари комунални трооци, 2000 денари лекови. Сега шрашуваме како да го тераме месецот со 3000 денари. Дали треба да се прехраниме, облека, опбувки“ – Георгиев.
И овај пат се повика на масовност со цел да се слушне гласот на пензионерите и да ги добијат правата кои ги бараат и како што потенцираат ги заслужуваат.
„Ако сме по масовни, ако се слушне нашиот глас подалеку од границите на државата резултатот нема да изостане. Апелирам, ги повикувам јавно сите пензионери од државата да се обединиме за да ги издејствуваме правата за кои сме работеле 40 години и кои ги заслужуваме“ – вели Димитров.
Протестот е закажан за 7 ноември во Скопје пред странските Амбасади, а освен во Кочани протести секојдневно се одржуваат и во останатите градови во државата.
Лаура Стојанова М-Нет