
За подобар живот младата Елена Маџова од Свети Николе заминува на работа во Словенија. Но, по само два месеци добива мозочен удар и останува во кома. По оперативниот зафат во Љубљана повеќе од три месеци е во природна кома. Со големи сили и напори нејзините родители наоѓаат клиника во Турција која ветува дека нивната ќерка ќе застане повторно на нозе, ама потребни се 50 илјади евра. Таткото Ристе Маџов со апел до сите хумани граѓаните и оние кои се во можностда донираат да го сторат тоа со цел неговата 24 годишна ќерка да застане повторно на нозе.
„Ќерка ми отиде во мај месец во Словенија на работа и во јули месец доби мозочен удар, тешко крварење. Направи операција во Љубљана и три ипол месеци е во природна кома. Минатата недела е пуштена дома. Во Љубљана направија се што можеа, ама ќерка ми е се уште во кома.Најдовме клиника во Турција од каде гарантираат дека ќе ја разбудат и ќе се разбуди на нозе. Сега бараме помош оти операцијата чини 50 илјади евра“ – вели Маџов.
Граѓаните кои сакаат својата хуманост да јапокажат повторно на дело може да донираат на отворените телефонски броеви, на оставените трансакциски сметки или со донација на акциите кои веќе се спорведуваат во Свети Николе.
„Има отворено телефонски броеви, со секој повик се донираат 100 денари, има и жиро сметки. Ние сме од Свети Николе овде веќе се спроведуваат и акции за да се соберат финансиски средства за лекување на мојата ќерка“ – додава Маџов.
Маџов додава дека финасиските средства сега се најпотребни за Елена да замине на лекување во Турција и повторно да го живее својот живот.
Лаура Стојанова М-Нет