
30 студенти, редовни жители на Општина Кочани може да аплицираат за стипендија за учебната 2023/24 година. Општина го рапиша конкурсот за доделување стипендии за студенти запишани на студии од прв циклус на јавните високообразовни институции во државата.
„Општина Кочани доделува стипендии за следните категории студенти: најмногу пет стпендии за студенти од Ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести, 10 стипендии за студенти од социјално загрозени семејства, најмногу пет стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите стипендии за студенти кои постигнале висок успех во студирањето“ – стои во конкурсот објавен од страна на Општина Кочани.
Доколку на конкурсот не се пријават студенти од веќе наведените категории или пак пријавите се оценети како неприфатливи, бројот на стипендии распределен за овие категории на студенти, Градоначалникот може да ги додели на студенти од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување на стипендија, а според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа.
Постапката за доделување на стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани се спроведува на начин, услови, критериуми уредени со Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани и Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани.
Студентите кои сакаат да апилицраат за стипендија треба да исполнуваат одредени критериуми, одноно треба да бидат жители на општина Кочани
- државјани на Република Северна Македонија,
- редовни студенти запишани на студии од прв циклус на јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија ,
- не повторувале година во текот на студирањето,
- не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании, Студентите кои се заинтересирани за доделување на стипендија, можат да се пријавуваат започнувајки од втората студиска година.
Студентите може да поднесат пријава најдоцна до 16 ноември, во едношалтерската канцеларија во Општина Кочани, по пошта или по електронски пат.
Лаура Стојанова М-Нет