Кочани утре игра бараж за опстанок во Првата женска фудбалска лига

ФОТО: Александар Ванев | АРХИВА

Фудбалерките на Кочани утре ќе играат бараж натпревар за опстанок во Првата женска фудбалска лига против второлигашот Билјанини Извори од Охрид, кој ќе бара враќање во елитата.

Екипата на Кочани минатата сезона стана шампион во Втора лига и се врати во прволигашкото друштво, но оваа сезона повратникот не успеа да избори директен опстанок и ќе мора да преку бараж да бара опстанок и во елитното друштво.

Ова е соочување на два поранешни шампиони на Македонија, а бараж натпреварот ќе се одигра утре на стадионот во Ѓорче Петров со почеток од 12 часот.

Инаку, во Втора лига шампион стана екипа на Конзули од Битола и следната сезона ќе игра во Прва лига, а пак од елитата испадна битолски Топ Гол и се сели во Втора лига за следната сезона.

Александар Ванев, М-Нет