
Два дена по иницијативата за бојкотот во петок се поголем бројот политички партии, не владини организации, здружение на граѓани ја поддржуваат истата. Високите цени на производите причина поради која и граѓаните револтирани велат не влегуваат во маркет. Анкетираните на терен со став, дека иако петок, сепак тие ќе ги бараат своите права.
Веќе некои маркети се подлежени на ригорозна контрола, а ова ќе продолжи и во останатите денови, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека тие како влада ќе сторат се што е потребно за да го заштитат стандардот на граѓаните, а ова што се случува со трговците тие го сметаат како напад врз стандардот.
“Беа потенцирани два ланци на на мерките, кои според нивното кажување прават одредени би рекол изигрувања на законите и би рекол денес ќе подлежат на ригорозни контроли и деновите исто так. И други трговски објекти ќе бидат подложни на контроли. Ние ке сториме се како влада за да го заштитиме стандардот на граѓаните. Овој напад го сметаме како напад врз стандардот.“, вели Мицкоски
И од страна на СДСМ ја поддржуваат иницијативата за бојкотот во маркетите. Нивниот став е дека граѓаните се подготвуваат за бојкот оти Владата не ги заштити. Но, според економистите ова не е вистинска мерка за да се намалат цените за основните продукти за живот. Велат дека само ако се зголеми понудата и производите стојат не продадение може да има резултати цените да не бидат намалени. Во спротивно бојкот од ден или два нема да има ефект.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет