Ковид – ситуацијата во Штип и Кочани идентична како и вчера, починало едно лице од Штип

46 ковид – позитивни лица имаат потреба од болничко лекување во болниците во Штип и Кочани. Во Штип хоспитализирани се 35 пациенти. Од нив, 30 во модуларната болница, 3 на Кожното одделение и 2 кои доаѓаат во дневната болница. Оздравени и испишани се 2 пациента, а исто толку се и новопримени. Починало едно лице. 25 пациенти се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 13. Направени се вкупно 45 амбулантски прегледи. Во модуларната ковид – болница има 16 слободни места, а на Кожното одделение кое работи како ковид – оддел – 7, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница, ковид – ситуацијата е скоро идентична како и вчера.  Хоспитализирани се 11 пациенти, од кои половина, односно 6 пациента се вакцинирани, а исто толку се и на кислородна поддршка. Нема испишани пациенти, ниту нови приеми, а нема ни починати лица. На Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел слободни се 16 ковид – кревети, информираат од болницата.

Според информации од МЗ, пак, во последните 24 часа регистрирани се 185 нови случаи на Ковид – 19 од направени 1.876 тестирања. Од нив, 14 се од Кочани, 11 од Штип, 8 од Свети Николе и по 2 од Виница и Пробиштип.

Бројката на оздравени е за скоро трипати поголема. Регистрирани се 523 оздравени пациенти. Од нив, 19 во Кочани, 18 во Штип, 7 во Свети Николе по 4 во Пробиштип и Берово, 3 во Виница и 1 во Делчево.

Починати се 12 лица, сите во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654, бројката на оздравени пациенти е 174.148, починати се 6.719 лица, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.

Ребека Спасова М-Нет