Кик боксерот Никола Нацев ќе се бори за златен медал на Европскиот куп во Белград

Пријатни вести пристигнуваат од Белград, Република Србија од Европскиот куп во Кик – бокс на кој настапуваат и нашите натпреварувачи. Според информацијата од тренерот на кик – бокс клубот Гладијатор од Штип, Шенол Асанов,штипјанецот Никола Нацев утре недела ќе се бори за златен медал. Тој во дисциплината кик – лајт во кат. +95 кг. во полуфиналето го победи србинот Александар Бабиќ а противник во финалето ќе му биде кумановчанецот Лука Додиќ. Ова е голем успех на Никола Нацев со обезбедено сребро или евентуално злато ако се има во обзир податокот дека неодамна во Белград на „Трофеј Белград“ се закити со златен и со бронзен медал на овој силен турнир.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk