
Денес за првпат на М Нет телевизија се реализираа три телевизиски пренос од Втората македонска фудбалска лига, а во рамки на вонредното 4. коло.
Гледачите на М Нет телевизија можеа да го следат соочувањето од Кочани меѓу Осогово и Детонит Плачковица, каде радовишани прокжинија три бода.
Љиварека погоди за 1:0 и рано водство на домашниот тим, а Христов израмни на 1:1.
Манов не реализира пенал во првиот дел. Во второто полувреме Настевски постигна атрактивен гол за 1:2, а Трајкоски од пенал стави точка за победа од 1:3.
На М Нет Спорт можевте да следите два натпревари од Куманово и Неготино.

Во Куманово се соочија Башкими и Беласица за реми од 1:1.
Во Неготино на „Цвај Арената“ силите ги одмерија Вардар Неготино и Охрид, каде гостинскиот тим конечно победи со голот на Алтин Љога.

Во Прилеп некогашниот прволигаш Победа го пречека Арсими, каде гостинот со головите на Рамадани и Реџепи дојде до триумф. За Победа погоди Талески.
Новаци на домашен терен се соочи со ланскиот прволигаш Македонија ЃП, каде дуелот заврши без голови (0:0) и голем бод за Новаци.
Каменица Саса на домашен терен играше со Борец и со двата гола на Симевски запиша победа.
Неизвесен дуел имаше во Автокоманда каде се судрија Скопје и Кожуф. Исходот беше 1:1, Кожуф прв поведе со голот на Стојков, а Мицевски за Скопје.
Штипска Брегалница во рамки на оваа коло гостуваше во Богданци, каде се соочи со Вардарски, во меч каде сините со пресврт славеа со 1:2.
Терзиев погоди за 1:0, а Калпачки и Абази за конечни 1:2.
Александар Ванев, М-Нет