Кајсии и праски – овошјето најбарано на штипскиот пазар, цените „солени“ со ниските примања

Кајсија, праска, цреши – свежото овошје периодов е најбарано на штипскиот пазар, ама и него го има во помала количина. Цените, според продавачите, се нешто пониски од минатиот петок, а истото важи и за зеленчукот. Летниот период ги спушти цените на доматот и краставицата пониско, а за некои од производите продавачите се на ставот дека ќе бидат уште пониски. Други, пак, ќе држат цена поради намаленото производство.

За купувачите, пак, на штипскиот пазар имаше солени цени. На прашањето дали се реални за овој период даваат потврден одговор, но проблемот и понатаму е ист – тоа што не соодвестуваат со висината на нивните плати и пензии.

Дека цените, можеби, се високи се согласуваат и продавачите, бидејќи и тие се свесни за ниските примања, но од друга страна ги гледаат и нивните трошоци и приходи.

Ребека Спасова М-Нет