Комунална инспекција и Јорданов на терен на пазарот во Штип, инспектори испратија и од пазарна

Комунална инспекција и градоначалникот Јорданов на терен кај пазарот во Штип, откако сите институции со надлежноста си играа пинг понг. Дивите пазарџии на тротоарите беа поставени и денеска, а Јорданов од лице место посочи дека пазарна инсепкција мора да излезе на терен и да го реши проблемот со кој се соочуваат секојдневно.

„Јас апелирам до Пазарна инспекција да излезат на терен и да проверат дали оваа дејност која ја вршат е со соодветни простории и оваа неправда која се парви на потрошувачите при купувањето. Апелирам да излезат и да си ја завршат својата обврска коај ја имаат сите дуќани, економски оператори кои работат во централното градско подрачје. Овие пазарџии се отстранети од останатите градови“ – вели Јорданов.

Апел се упати и до МВР бидејќи како што посочи Јорданов нивна надлежност е да излезат на терен и да ги санкционираат возила кои се непрописно паркирани или се на јавна површина.

„Тие имаат надлежност да го одземат возилото и да ја конфискуваат робата. Само така може да се стави ред со казна и со дисциплина. Во спротивно ни се случува она што секојдневно го гледаме, имааме пазарџии кои плаќаат, и онакви кои не плаќаат.“ – додава Јорданов.

По случувањата на терен, инспектори од Свети Николе и Штип испратија и од пазарна инспекција со цел да се стави крај на дивото поставување тезги на пазарот во Штип.

Раководителот на пазарот во прилика истакна дека простор има доволно за сите оние кои сакаар легално да платат тезга и својата роба да ја пласираат за продажба. Моментално градскиот пазар во Штип е 50% до 60% исполнет со тезги.

Лаура Стојанова М-Нет