Качевски ќе им суди на Брегалница и Силекс, штипјанецот Ѓоргиев на центарот во Струмица

Викендот започнува новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите шест натпревари од 1. коло.

Колото ќе биде отворено со пет натпревари во недела, а ќе биде затворено во понеделник со мечот меѓу Работнички и Шкупи.

Штипскипт судија Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Брера и Вардар во Струмица, Игор Стојчевски ќе биде главен во Охрид каде ќе играат дебитантот Воска Спорт и тетовска Шкендија, шампионот Струга Трим Лум ќе се соочи со повратникот Гостивар.

Во Кавадарци ќе играат Тиквеш и Македонија ЃП, а ќе суди Ндерим Тефику од Куманово, дербито на Истокот го играаѕ Брегалница и Силекс во Штип, а таму главен судија ќе биде Јован Качевски.

Колото го затвараат Работнички и Шкупи во понеделник, а главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје.

  1. коло ПМФЛ:

Брера – Вардар, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Воска Спорт – Шкендија, Игор Стојчевски (Скопје)
Струга – Гостивар, Стојан Трпчевски (Кавадарци)
Тиквеш – Македонија ЃП, Ндерим Тефику (Куманово)
Брегалница – Силекс, Јован Качевски (Струга)
Работнички – Шкупи, Александар Ставрев (Скопје)